Драган Николиќ во текот на вчерашниот ден доби суспензија од десет натпревари за глупоста против Кожув во која собори противнички кошаркар, а набрзо по таа суспензија МЗТ објави дека ја прекинуваат соработката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во изјава за српскиот „Спортски Журнал“ Николиќ изрази незадоволство од казната која ја доби.
„Ме направија како да сум сериски убиец. Се што сакав е да ги размрдам моите кошаркари, во тој момент налета Американецот Гордон. Тој се удри во мене и јас му подарив рака за извинување и тоа беше прифатено од негова страна.
Се поздравив и си заминав во соблекувалната. Знаев дека ќе добијам казна, но не очекував дека ќе биде вака висока. За мене ова е пекол, ми ја одземаа титулата шампион на Македонија“, изјави Николиќ.
До крајот на сезоната на клупата на МЗТ, Николиќ ќе биде наследен од Васко Атанасов.