Дома Останати Кошарка НБА „Никогаш не сум го видел Јокиќ ваков, има и стомачни“

„Никогаш не сум го видел Јокиќ ваков, има и стомачни“

Ако Никола Јокиќ имаше некој проблем во НБА лигата тогаш тоа е неговата физичка спремност.

Силата секако не е проблем, експлоизвноста и скокот баш и не се силни страни на српскиот центар. Меѓутоа изгледа Јокиќ на најдобар начин ја искористил паузата поради пандемијата од коронавирусот и работел на својот недостаток.

Претседателот на кошаркарските операции на Денвер, Тим Конели го пофали напредокот на Јокиќ.

„Ни се јави и е во одлична форма. Ми испрати фотографија без маица, има и стомачни. Не сум го видел таков. Може и на плажа“, на крајот се пошегува Конели.

НБА лигата донесе одлука сезоната да продолжи па ќе видиме како ќе изгледа Јокиќ на паркетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…