Дома Фудбал Репрезентации Нигерија со гол во третата минута стигна до третото место на Африканскиот куп на Нации (ВИДЕО)

Нигерија со гол во третата минута стигна до третото место на Африканскиот куп на Нации (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нигерија го освоија третото место на Африканскиот куп на Нации со победата над Тунис од 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол на натпреварот го постигна Игало уште во третата минута од натпреварот.

Тунис до изендачување можеше да дојде само пет минути подоцна, но шутот на Кенсиев беше блокиран во последен момент. Нова шанса следуваше во 15-тата минута кога Санси шутираше, а топката помина покрај стативата.

На полувреме се замина со резултат 1:0 за Нигерија. Во второто полувреме Тунис во 48-та минута имаше уште една голема прилика, меѓутоа Чаоут беше непрецизен.

Доминираше Тунис во второто полувреме, но Нигерија успеа до крај да се одбрани и на крајот стигна до третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Варди пред сензационално враќање во Англија: Претседателот на клубот јавно го призна сето

Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал, а една од најинтересните приказни о…