Дома Македонски спорт Мак фудбал Не стивнува бурата околу Тетекс: Со ваква управа не чека Трета лига или „клуч на врата“!

Не стивнува бурата околу Тетекс: Со ваква управа не чека Трета лига или „клуч на врата“!

Не стивнува бурата околу еден од најголемите македонски фудбалски брендови, ФК Тетекс.

Навивачите на поранешниот освојувач на Купот на Македонија се бесни на хаосот што се случува откако имаше промени во управата по завршувањето на ланската сезона.

Минатата сезона Тетекс го водеа Славчо Герогиевск ии Дејан Цветковски и тимот имаше добар настап во Втората лига – Запад. Сепак, во новата со променето раководство на клупата седеше Бојан Захариев.

Со него Тетекс одработи катастрофални подготовки и на стартот од оваа сезона се едни од кандидатите за испаѓање.

„Поминаа два месеци од кога официјално со фудбалскиот клуб Тетекс раководат лица кој се нарекуваат ,,реформатори”, а немаат ни Р од истото, туку тука се од личен интерес мислејќи ќе тече мед и млеко во Тетекс. Бидејќи управата и претседателот спијат и не ја информираат македонската јавност односно своите верни фанови и симпатизери дека по нивна иницијатива го поставија за шеф на стручен штаб ,,сомнителниот” Бојан Захариев, а првично во одборот преставија спонзор од Турција кој има агенција за фудбалери, за сега да се воспостави дека тоа било само мачкање очи.

Сега истите немаат ниту пари ниту за плати, дел од фудбалерите одбиваат да тренираат, а некој веќе си најдоја и нов клуб.

Мора да потсетиме дека пред стартот профилот Тетекс Тетово на фејсбук кој се нарекува единствен медиум на клубот најавуваше целокупно реновирање на соблекувалните и нови проекти во блиска иднина. Освен PVC прозор од донација, клинче не зачукаја!

За жал со оваа неспособна управа и вештачкиот претседател Тетекс го очекува најлошото сценаријо – трета лига или клуч!

ps: Донесете пари како што сте ветиле, ако немате, подигнете Кредит!!!

Немојте да си играте со светото име – ТЕТЕКС!!

Инаку неславно ќе завршите !!!

ТИКА-ТАКА“, објавија навивачите на Тетекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на кол…