Дома Топ вести НЕЈМАР ОД 500 МИЛИОНИ: Два клуба се спремни да ја платат таа сума!

НЕЈМАР ОД 500 МИЛИОНИ: Два клуба се спремни да ја платат таа сума!

0

Француските медиуми пренесуваат дека два клуба се спремни да платат неверојатна сума за Нејмар, фудбалерот кој ова лето стана најскап во историјата и за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

„Le 10 sports“ спорт пренесува дека следното лето Нејмар повторно може да го собори рекордот на трансфер пазарот и да биде платен 500 милиони евра, што со оглед на сумите кои се трошат не е многу неверојатно.

Бразилецот не е задоволен во ПСЖ, постојат услови според кои тој би можел да го напушти клубот, а веќе е познато дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за неговиот потпис.

Споменатиот медиум тврди дека покрај Реал Мадрид постои уште еден клуб кој е спремен да плати половина милијарда евра за Бразилецот, а тоа е Манчестер Јунајтед.

Од друга страна „Марка“ денес пренесе дека Нејмар ќе биде главна трансфер цел на Реал Мадрид следното лето и дека „кралевите“ се спремни да понудат 400 милиони евра.

Иако овие суми навистина изгледаат вртоглавно, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтес се свесни дека со евентуалното доаѓање на Нејмар ќе направат маркетиншки „бум“ и дека повеќекратно ќе се зголеми вредноста на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Македонките доминантни на трибините – вака беше вчера на Европското во Хрватска

Ѕирнете каква беше атмосферата на трибините за време на дуелите помеѓу репрезентациите на …