Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар: Ова беше најдобриот натпревар оваа сезона

Нејмар: Ова беше најдобриот натпревар оваа сезона

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар смета дека синоќешниот натпревар против Црвена Звезда беше најдобар за неговиот тим оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ ги порази црвено белите во Париз со високи 6:1, а Нејмар постигна три погодоци. После натпреварот имаше само пофални зборови за играта на својот тим.

„Игравме подобар фудбал, покажавме желба за победа и на крајот победивме. Бидејќи знаевме дека нема да биде лесно, игравме на високо темпо.“ – изјави Нејмар и додаде:

„Не беше ова само за мене најдобриот натпревар оваа сезона, туку за целиот тим. Не е важно кој постигнува погодоци.“

Да потсетиме, на ПСЖ сега му следуваат два натпревари против Наполи кои ќе бидат многу важни за  судбината во “групата на смртта“, каде уште се наоѓа и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Талески: Подготвени сме за предизвикот кој нè очекува во ЛШ!

Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од …