Бразилскиот фудбалер Нејмар (32) неодамна му се врати на фудбалот откако речиси една година паузираше поради повреда.
Не само што Нејмар се врати на терените, туку и на насловните страници и на бразилските и на светските медиуми. Овој пат тој го зазеде своето место на нив со својата најнова инвестиција.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Имено, Бразилецот купил земјиште во Бал Харбор, во близина на Мајами Бич на Флорида. Нејмар за таа земја платил дури 24 милиони евра, со поглед кон морето и сопствено пристаниште за чамци.
Волстрит журнал, кој меѓу првите ја објави оваа вест, наведува дека Бразилецот бил привлечен од приватноста и безбедноста на затворената заедница каде што се наоѓа земјиштето.
Овој потег веднаш ги поттикна шпекулациите дека Нејмар наскоро би можел да планира живот во Мајами за да им се придружи на Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами, МЛС клубот во сопственост на Дејвид Бекам.
Откако потпиша за Ал-Хилал во август 2023 година, тој одигра само шест натпревари и за тоа време заработи повеќе од 160 милиони евра од Саудијците, а сега се повеќе се шпекулира дека се подготвува за преселба во Мајами.