Дома Фудбал Нејмар збесна – го погодија со картонска кутија во глава! 🎥

Нејмар збесна – го погодија со картонска кутија во глава! 🎥

Репрезентацијата на Бразил не успеа да ја продолжи победничката серија и ремизираше против Венецуела на домашен терен.

Во првото полувреме од средбата не видовме голови, а потоа Габриел погоди за водство на Бразил, асистираше Нејмар. Подоцна беше поништен гол на Винисиус Жуниор, за Венецуелците да дојдат до реми со гол во 85. минута.

Непријатно искуство на оваа средба имаше Нејмар кој по натпреварот беше погоден со картонска кутија. Фудбалерот на ПСЖ жестоко реагираше и почна да се расправа со навивачите, по што беше истуркан во тунелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрагата по Торцида продолжува: Полицијата објави уште четири фотографии

По нацистичките извици во Сплит, полицијата бара помош од граѓаните за идентификација на у…