Дома Фудбал Репрезентации „Неуништливиот“ Табарез уште 4 години ќе го води Уругвај!

„Неуништливиот“ Табарез уште 4 години ќе го води Уругвај!

71-годишниот Оскар Табарез ќе ја предводи селекцијата на Уругвај и на наредното Светско првенство во 2022 година во Катар, нормално доколку се пласира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, искусниот тренер денес потпиша нов 4-годишен договор со Федерацијата на Уругвај.

Популарниот „професор“ освен што е во осмата деценија од животот боледува од ретка болест на нервниот систем. Но и покрај тоа одлучи да продолжи да ја предводи репрезентацијата.

Табарез е на клупата на Уругвај по втор пат од 2006 година, а претходно ја педводеше репрезентацијата од 1988 до 1990 година. Уругвајците со него одиграа четири Светски првенства, а најдобриот успех го постигнаа 2010 година кога играа во полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се подготвува трансфер кој ќе го потресе светот на фудбалот, во центарот на сè – Нејмар!

Според информациите што ги носи бразилскиот Jornal O Globo, постојат реални шанси Нејмар в…