Дома Фудбал Репрезентации Несторовски: Убеден сум дека Македонија има шанси за победа против Италија!

Несторовски: Убеден сум дека Македонија има шанси за победа против Италија!

Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.

Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Илија Несторовски.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Несторовски подолго време не е со репрезентацијата, од повредата пред Европското првенство. Сега Нестор се врати на теренот и на тренинзите во Удинезе. Долго време Несторовски игра во Италија и сигурно дека ги познава квалитетите на оваа репрезентација.

„Тежок пат за пласман на Светското првенство затоа што ќе играме против европскиот шампион, а потоа и против Португалија, но нема предавање предвреме во фудбалот се е возможно. Против Италија одигравме два одлични натпревари и сум убден дека Македонија има шанси за победа во тој натпревар“, ни изјави Несторовски.

Несторовски беше стрелец против Италија во натпреварот кој го одигравме дома и во кој запишавме пораз од 3:2.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …