Дома Останати Непоразениот шампион се прости од боксот

Непоразениот шампион се прости од боксот

Светскиот шампион во полутешка категорија, Американецот, Андре Вард одлучи да се повлече од боксот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фантастичниот 33-годишен борец, кој во катефгоријата има фантастичен скор 32-0, се повлече од професионалниот бокс, а како одлука образложи дека повеќе не е оној препознатливиот.

„Не можам да му се посветам на семејството, тимот и навивачи, односно сите што ги знам. Поради тоа одлучив повеќе да не се борам. Бокс-те сакам“, напиша во својата проштална порака Американецот.

Вард се простува како трократен шампион во полутешка категорија. Ги имаше појасите од WBA, IBF и WBO верзиите, кои по неговото пензионирање ќе бидат празни.

Последната борба Вард ја имаше во јуни оваа година кога со технички нокаут по вторпат во кариерата го совлада Сергеј Ковалев.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…