Дома Топ вести Нема нов договор за Рамос – Реал го пушта да си оди

Нема нов договор за Рамос – Реал го пушта да си оди

Ќе поставува ли Реал Мадрид според клупските правила и кога е Серхио Рамос во прашање?

На шпанскиот репрезентативец актуелниот договор му истекува во јуни 2021 што значи дека наскоро двете страни ќе треба да седнат на преговарачка маса за да разговараат за иднината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според инофмрациите на „Марка“, Серхио Рамос инсистира на двегодишна соработка и тоа значи дека неговата намера е по истекот на актуелниот да остане во Реал до летото 2023 година.

Меѓутоа проблем е во годините. Претседателот на Реал, Флорентино Перез се држи до клупско правило според кое на играчите кои имаат 32 години договорот им се обновува година за година.

Рамос во март ќе го прослави 34-ти роденден, а последните информации од Шпанија се дека Реал нема да отстапи од својот принцип и Рамос може да не добие понуда за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…