Дома Трансфер зона Нема нов договор: Давид Луиз го напушта Арсенал

Нема нов договор: Давид Луиз го напушта Арсенал

Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз може да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, пренесуваат медиумите на Островот.

33-годишниот Бразилец има договор до крајот на сезоната, а нема сигнали од раководството на Арсенал за продолжување на истиот.

Иако Давид Луиз сака да остане во тимот од Лондон, сепак „топџиите“ сакаат да го намалат буџетот за плати и не е спремен да му понуди нов договор на Бразилецот.

Така, Луиз веќе започна да бара нов клуб, а се чини дека тој ќе ја продолжи кариерата во Бефика, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Билд“ тврди: Трансферот на Хаверц е завршена работа

Најеминентниот гермнаски весник „Билд“ денес излезе со информации за трансферот на Каи Хав…