Преку социјалните мрежи Јувентус денес и официјално се збогуваше со Алваро Мората, Федерико Бернардески и Паоло Дибала.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мората беше позајмен од Атлетико Мадрид, се пишуваше дека Алегри сака да го задржи, но тоа не се случи, „старата дама“ не ја активираше клазулата за откуп и тој се враќа во Мадрид.




Кога се Дибала и Бернардески во прашање тие си заминуваат откако им истекоа договорите.




Со оваа објава веројатно „паѓаат“ во вода и шпекулациите кои се појавија дека Дибала би можел да ги обнови преговорите за нов договор. Аргентинецот изгледаше дека е блиску до преселба во Интер, но сега ништо не е познато.




Бернардески од Торино си заминува после пет години откако пристигна од редовите на Фиорентина во трансфер кој предизвика бурни реакции.