Дома Трансфер зона Немања Матиќ го напушта Манчестер Јунајтед, но останува во Англија!?

Немања Матиќ го напушта Манчестер Јунајтед, но останува во Англија!?

Еден од најдобрите српски фудбалери, Немања Матиќ е на излезни врати од Манчестер Јунајтед, пишуваат српските медиуми.

Матиќ не се вклопува во плановите на новиот тренер на Јунајтед, Солскјер за новата сезона. Се пишуваше за трансфер во клубови како Баерн Минхен или Олимпијакос, а се споменуваа и кинеските клубови. Меѓутоа, според последните информации репрезентативецот на Србија ќе остане во Англија, но од Јунајтед ќе се пресели во Борнмаут.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матиќ би требало да стане нов играч на Борнмаут. Тоа би отворило простор за доаѓање на Ерик Даер од Тотенхем во Јунајтед, на што Солскјер инсистира. Борнмаут е подготвен да плати 25 милиони евра за 30-годишниот Матиќ, но најголем проблем во овој трансфер е платата кој играчот ја има во Јунајтед, и која значително би била помала во Борнмаут.

Целосно е јасно дека Баерн би можел да ги исполни неговите финансиски барања, а да не ја спомнуваме Кина, но, изгледа дека неговата желба е да остане на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…