Дома Фудбал Неапол слави: Мертенс стави потпис на нов договор!

Неапол слави: Мертенс стави потпис на нов договор!

Конечно заврши сагата за Дрис Мертенс. Миленикот на навивачите реши да остане во Наполи и да потпише нов договор.

Иако изгледаше дека Мертенс е многу блиску до Интер откако медиумите во Италија пишуваа дека овој клуб му понудил договор на две години вреден 14 милиони евра, сепак реши да остане во Наполи.

Неговиот договор истекуваше ова лето, но Мертенс на крајот реши да му остане верен на Наполи и ја прифати понудата за нов договор. Белгиецот стави потпис на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Според новиот договор Мертенс ќе заработувал 4 милиони евра по сезона, плус бонуси кои се однесуваат на неговата игра и клупски резултати.

Сезонава Белгиецот одигра 29 натпревари за Наполи и постигна 12 голови, додаде и шест асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казната нема да влијае: Де Брујн останува во Манчестер Сити!

Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евенту…