Дома Фудбал НА ПОВИДОК СКАНДАЛ: Покетино го обвини Јувентус за валкани игри во ЛШ!

НА ПОВИДОК СКАНДАЛ: Покетино го обвини Јувентус за валкани игри во ЛШ!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино се уште не може да се помири со елиминацијата од Лигата на шампиони, а денес директно го обвини раководството на Јувентус за притсок врз судиите.

Лондонскиот тим имаше се во свои раце, вкупен резултат 3:2, ја контролираше играта, а потоа Јувентус за три минути постигна два гола и се пласира во четвртфиналето.

Меѓутоа, Покетино денес изјави дека имало задкулисни игри од страна на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и генералниот директор Џузепе Марота.

„Кога играте против ваков клуб играте два вида на натпревари. Еден на теренот и еден надвор од него. Од Јувентус добивме лекција на тоа поле. Нивниот претседател Андреа Ањели беше во тунелот пред натпреварот, а на полувремето дојда заедно со директорот Марота. Видов како на полувреме вршат притисок над судиите“, изјави Покетино.

„Тие се специјалисти во тоа. Имаат навика и знаат како да направат притисок врз судиите. Користат се за да му помогнат на тимот. Нас не ни беа досудени два пенали во првото полувреме, а тие направија скандал за недосудениот пенал над Даглас Коста. Тоа е искуство и такви детали ја прават разликата“, заклучи Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново бара излез од кризата против тимот што веќе го совлада

По четири првенствени средби без триумф, Шкендија Арачиново го пречекува Тиквеш во Чаир. К…