Дома Фудбал Англија На Островот се упатуваат жестоки критики кон Сари: Каков е тој однос со фудбалерите?! (ФОТО)

На Островот се упатуваат жестоки критики кон Сари: Каков е тој однос со фудбалерите?! (ФОТО)

0
sari

Изминатиот викенд Манчестер Сити го победи Челзи со убедливи 6:0, а после овој натпревар следуваа голем број критики на сметка на стратегот на „сините“.

Освен по својот напаѓачки стил кој го негува Сари во јавноста е познат и по тоа што е страствен пушач.

Ваквото негово „задоволство“ му донесе проблем во Англија поради тоа што за време на натпреварите не смее да запали цигара, за разлика во Серија А каде што го водеше Наполи.

Кога пристигна во Англија медиумите ги интересираше па открија дека Италијанецот пуши и по 80 цигари дневно што е навистина неверојатна бројка. Дека тешко издржува без цигари покажува и со тоа што желбата за цигари на натпреварите ја ублажува со обичен филтер.


Следете го Sportski.mk и на


Денес англиски „Телеграф“ излезе со жестоки критики кон Италијанецот поради неговото пушење цигари на тренинзите.

Според реномираниот англиски медиум ваквиот однос на еден тренер е крајно непрофесионален и непримерен за фудбалерите.

„Телеграф“ оди толку далеку и тврди дека Сари поради пушењето цигари на тренинзите и може да го изгуби и авторитетот во соблекувалната.

Меѓутоа на англиската јавност не и јасно зошто баш сега (после катастрофата од 6:0 на „Итихад) доаѓаат овие критики кога јасно беше и претходно дека Сари пушеше цигари за време на тренинзите.

Како и да е не веруваме дека Сари може да се промени, па останува времето да покаже дали ваквата негова навика ќе им пречи и на луѓето во управата на Челзи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јаховиќ направи глупост и заработи црвен картон против Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор Адис Јаховиќ направи несфатлив потег во натпр…