Дома Фудбал Светско првенство во фудбал На натпреварот Египет – Уругвај дебитираше најчудната трибина во светот (фото)

На натпреварот Египет – Уругвај дебитираше најчудната трибина во светот (фото)

Денешниот прв натпревар на Мундијалот помеѓу Египет и Уругвај беше и специфичен поради тоа што „дебитираше“ стадионот кој ја има најнеобичната трибина.

Имено, на стадионот во Екатеринбург едната трибина е надвор од него. Причина за ваквата градба е што претходно стадионот не ги исполуваше условите за на него да се играат натпревари на Мундијалот.

Пораид тоа беше срушен еден дел и вградена импровизирана трибина која го зголеми капацитетот од 27.000 на 45.000 места.

За се да биде уште поинтересно е што ова е само привремена трибина и истата ќе биде срушена по завршувањето на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Има ли крај на сапуницата: Решена е судбината на Енцо Фернандез?

Иднината на Енцо Фернандез повторно е една од главните теми на фудбалскиот пазар, а новата…