Ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл повторно се наоѓа на мета на критики на шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што официјално стои во соопштението на Реал, Велшанецот е повреден, па синоќешниот меч против Галатасарај го гледаше од трибините.
Велшанецот како по обичај и синоќа не го дочека последниот свиреж на судијата и предвреме го напушти „Сантиаго Бернабеу“ со својот автомобил.
Бејл беше фатен од камерите на шпанскиот весник „АС“ како заминува од стадионот цели 8 минути пред да заврши натпреварот.
Ова не е прв пат Бејл да го прави ова, истото се случи и на претходните два меча на Бернабеу.
