Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор е најплатен спортист во светот во последните 12 месеци, објави еминентниот Форбс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мекгрегор во изминатата година вкупно заработил 180 милиони долари. Дури 158 милиони ги заработил надвор од спортот и така стана само третиот спортист после Федерер и Тајгер Вудс кој успеал во тоа.
Повеќе од 100 милиони долари заработиле уште двајца фудбалери, Лионел Меси и Кристиано Роналдо, како и Дак Прескот од НФЛ лигата.
Меси вкупно заработил 130 милиони долари, Роналдо 120, а Прескот 107,5 милиони. Следуваат Леброн Џејмс со 96,5 милиони, Нејмар (95), Федерер (90), Луис Хамилтон (82), Том Брејди (76) и Кевин Дурент (75).
Очигледно дека пандемијата со коронавирусот не влијаела на најбогатите спортисти.