Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најава ден 5: Отвараат Шведска и Кореа, Белгија мега фаворит против Панама, дојде редот и на „Гордиот Албион“…

Најава ден 5: Отвараат Шведска и Кореа, Белгија мега фаворит против Панама, дојде редот и на „Гордиот Албион“…

word cup

Денес стигнавме веќе до петтиот ден на Мундијалот кој ни носи три средби.

Од 14:00 часот мундијалската програма ја отвараат селекциите на Јужна Кореја и Шведска.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шведскиот пласман е една од најголемите приказни во квалификациите за овој турнир. Во својата група завршија зад Французите, а во фотофиниш, поради подобра гол разлика обезбедија место во баражот на сметка на Холандија. Таму ги чекаше Италија и никој не им даваше премногу шанси, но со вкупни 1:0 на Италија и го зададоа еден од најтешките удари во нивната фудбалска историја.

Во двете последни проверки пред Светското првенство Шведска ремизираше со Данска и Перу во натпревари без погодоци и оставија впечаток на репрезентација која тешко прима голови.

Кореа е веќе редовен учесник на светските првенства и не пропуштила Мундијал уште од 1986 година. Најголемиот успех датира од 2002 година кога како домаќини завршија како четврта репрезентација на турнирот. Во последниот квалификациски циклус беа повеќе доминантни од било кога – осум натпревар, осум победи, без ниту еден примен гол!

Во последните две пријателски натпревари славеа портив Хондурас со 2:0 и загубија од Босна и Херцеговина со 3:1.

Селекторот на оваа репрезентација пред натпреварот откри и за генијалната идеја која ја добил. Имено, тој на неговиот тренинг забалежал шведски „шпиони“ па им ги заменил бројките на играчите со цел да го збуни противникот.

Од 17:00 часот ќе се сретнат еден фаворит од сенка и еден тотален атусајдер играат Белгија – Панама.

Белгија е репрезентација која стигнува непоразена на Мундијалот. Во група со БиХ и Грција запишаа девет победи и едно реми, па убедливо беа првопласирани.

Последниот пораз Белгија го забележа пред скоро две години. За Белгија ова е второ Светско првенство со помош на новата златна генерација од која јавноста во оваа земја очекува многу. Пред четири години беа елиминирани во ¼ финалето од Аргентина.

За Панама нема што многу да се каже. Хтитот од средноамериканските квалификации велгува како тотален атусајдер. Колкава е разликата помеѓу овие две репрезентации покажуваат и обложувалнците, Белгија е шести фаворит за освојување на Мундијалот, додека Панама е последен.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на овие две селекции.

Денешната мундијалската програма од 20:00 часот ќе ја затворат Тунис и Англија.

Тунис против Англија го започнува својот петти настап на едно Светско првенство, прв од 2006 година. Во Русија се пласираа со тешко освојување на групата во која се наоѓаа ДР Конго, Либија и Гвинеја. Како клучен играч се покажа Јоусеф Мскани кој со три гола беше трет стрелец во последниот круг од квалифкациите, но нацијата остана шокирана кога се повреди и поради тоа ќе го пропушти Мундијалот.

Репрезентацијата од северот на Африка стигнува како голем атусајдер, но веруваат дека со тврд и дефанзивен фудбал против Англија и Белгија и победа против Панама можат за прв пат во својата историја да ја поминат групната фаза.

Од друга страна Англија стигнува во мисија на извинување во својата историја. Низ квалфикациите поминаа лесно со големи осум бодови предност пред второпалсираната

Словачка. Ова за „Гордиот Албион“ ќе биде шести Мундијал во низа, а ќе се обидат да го поправат горкиот вкус од минатото Светско првенство кога испаднаа во групната фаза со само еден бод и два постигнати погодоци.

Англија и Тунис во својата историја се сретнале два пати. Англичаните забележаа победа во групната фаза на СП во 1998 (2:0), додека во пријателски натпревар ремизираа (1:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…