Дома Останати Кошарка НБА Наставник по мaтематика на своите ученици им дал тест поврзан со Коби Брајант (ФОТО)

Наставник по мaтематика на своите ученици им дал тест поврзан со Коби Брајант (ФОТО)

Наставник од Гранада смисли тест за неговите ученици од 4. Одделение со четири математички прашања поврзани со пораншената ѕвезда на ЛА Лејкерси, Коби Брајант.

Трагичната смрт на Коби го погоди целиот свет, а на свој начин почит на „црната Мамба“ му оддаде и еден наставник.

Наставникот преку тестот освен што сакаше да го провери нивното знаење, сакаше на помладите со бројки да им покаже каков играч бил Коби.

„Ова е тестот кој на своите ученици им го даде наставникот Николас Мегиас во основото училиште, Салесинос во Граната. Што мислите?“, напиша на Твитер новинарот Хозе Мануел Пуертас, приложувајќи ги и прашањата.

Прво прашање: На последниот натпревар Коби Брајант постигна шетр тројки, погоди 10 слободни фрлања и 16 шутеви за два поени. Колку поени постигна во тој натпревар?

Второ прашање: Во кариерата во НБА лигата Коби постигна вкупно 33.643 поени распоредени во 20 сезони. Ако секоја сезона постигнувал ист број на поени, колку би имал секоја сезона?

Трето прашање: Коби во една сезона просечно имаше 27 поени по натпревар во регуларниот дел од сезоната и 29 поени по натпревар во 23 натпревари во плеј-офот. Колку поени постигнал таа сезона?

Четврто прашање: За 20 години колку што играше во НБА, Коби и неговиот тим ЛА Лејкерси одиграа вкупно 1.592 натпревари. На 649 изгубија. На колку натпревари победија во тие 20 години? Колку одиграни натпревари недостсуваа за да оствариле 1.000 победи?

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Слушнете како Марјановиќ ги учи Американците да зборуваат српски (ВИДЕО)

Тимот на Далас на својот официјален профил објави видео во кое Бобан Марјановиќ ги учи сво…