Наполи, Рома и Фиорентина би можеле да ги променат тренерите, а тоа би можело да доведе и до смена на клупата на Сасуоло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Италија денес стигнуваат интересни вести. Наполи разгледува да ја раскине соработката со Џенаро Гатузо на кого договорот му истекува во јуни, а Де Лаурентис има неколку идеи за негов наследник. Првата е „предавникот“ Маурицио Сари кој минатата сезона го водеше Јувентус, Сари се уште е на платениот список на „старата дама“, но наскоро веројатно ќе прифати некоја понуда. Втората е Рафа Бенитез, уште еден поранешен тренер на Наполи кој е без работа откако ја заврши епизодата во Кина.
Кога во прашање е Рома нивна голема желба е Масимилијано Алегри, но тој е тека мета. Ако римскиот клуб навистина го сака Алегри ќе мора да му спреми богат договор.
Останува Фиорентина која ја чека разврската во Наполи и го мерка Џенаро Гатузо, но во игра е и Де Зерби кој го завршува својот циклус во Сасуоло.
Значи, Рома, Наполи, Сасуоло – Сари, Бенитез, Гатузо, Де Зерби…ќе видиме кој каде ќе заврши.