Дома Трансфер зона Наполи со нов договор ќе го „блиндира“ Фабиан Руиз

Наполи со нов договор ќе го „блиндира“ Фабиан Руиз

Раководството на Наполи ќе направи нов обид да го продолжи договорот на својата ѕвезда Фабиан Руиз.

Актуелниот договор на Шпанецот со Наполи истекува во 2023 година, но Руиз со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид.

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи нема лесно да се откаже од играчот за врска и му нуди нов договор со значително зголемување на платата.

Не е тајна дека Фабиан Руиз е на мета на Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, па поради тоа Наполи сака што е можно побрзо играчот да потпише нов договор.

Имено, Наполи му нуди на Шпанецот двојнио поголема плата, односно 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Одегард може во Серија А?

Мартин Одегард во Реал Мадрид пристигна пред пет години од норвешкиот Стромгест како голем…