Дома Фудбал Италија Наполи и Елмас преку пенали до трофејот во Купот на Италија!

Наполи и Елмас преку пенали до трофејот во Купот на Италија!

Вечерва Јувентус и Наполи играа за трофејот во Купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме гледавме натпревар со по неколку шанси и на двете страни. Наполи имаше еден период кога Буфон со неколку одбрани го спасуваше со својот гол, а беше погодена и стативата. Меѓутоа и Јувентус имаше свои моменти.

Во второто полувреме видовме нешто помирна игра. Најголемата шанса Наполи во регуларните 90 минути ја имаше во судиското продолжение и тоа преку нашиот Елмас. Македонскиот фудбалер влезе во последните минути и брзо се најде во 100% шанса. Сепак од идеална позиција не успеа да биде подобар од Буфон.

Следуваа пеналите, а во нив Наполи беше поуспешен и стигна до трофејот во Копа Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ја доби првата понуда за Леао

Португалскиот напаѓач Рафаел Леао се наоѓа на излезните врати од Милан, а најзаинтересиран…