Дома Останати Тенис Надал се пожали пред почетокот на Австралија Опен

Надал се пожали пред почетокот на Австралија Опен


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Досега Рафаел Надал не се огласуваше во јавноста пред почетокот на Австралија Опен, но еден ден пред турнирот откри што го фрустрира.

Надал не играше на турнрите пред првиот Грен слем во сезоната, настапи за репрезентацијата на Шпанија на Јунајтед куп каде што беше поразен во двата меча против Алекс Де Минор и Камерун Нори. Поради тоа не му се предвидува успех во Мелбурн.

На еден ден пред почетокот на турнирот Надал истакна дека топчињата биле голем проблем.

„Брзината на теренот не е различна, но топчињата се. Не знам. Велат дека не се исти, а мене ми изгледа дека се со полош квалитет. Нема сомневање во тоа. Не можеме да зборуваме повеќе затоа што нема да се промени, тоа е она што го имаме.

Можам да кажам само дека топчето го нема истиот спин како нормално. По неколку дари го губат притисокот. Тогаш е потешко да одиграте спин. Мораме да се носам со тоа, вежбав многу со нив“, изјави Надал.

Треба да се спомене дека никој досега освен Надал во јавноста не зборувал на оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Поранешниот 13-ти тенисер на АТП листата објави видео како пушта бомби во Украина 🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Поранешниот 13-ти те…