Дома Останати Надал призна: Федерер е најдобар во историјата!

Надал призна: Федерер е најдобар во историјата!

0

Светскиот рекет број еден, Рафан Надал призна дека неговиот најголем ривал Роџер Федерер е најдобриот тенисер во историјата.

Надал и Федерер одбележија една тениска ера и двајвата се со најмногу освоени Грен слем титули во историјата на тенисот.

„На другите играчи ќе им биде тешко да ги достигнат неговите резултати. Исто така сметам дека не треба да се анализираат само настапите на Грен слем турнирите. Во тенисот има многу други работи. Се разбира, Роџер постигна неверојатни резултати и во другите натпреварувања. Сметам дека е фер да се каже дека Федерер е најдобриот во историјата“, изјави Надал кој сепак потенцираше дека не го гледал Род Лејвер.

„Никогаш не сум ја видел играта на Род Лејвер, иако ја знам неговата приказна. Единствен тенисер е кој два пати ги освоил сите четири Грен слем турнири во иста година. Затоа, ако треба да правите споредба за најдобриот играч во историјата, тогаш не треба да не споредувате мене и Роџер, туку Род Лејвер и Роџер“, додаде шпанскиот тенисер.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Џошуа: Датумот за борба со Вајлдер е резервиран, јас чекам!

Ентони Џошуа е спремен да се бори против Деонтај Вајлдер веќе на 13-ти април. Долго се дог…