Дома Останати Тенис Надал после пласманот во финалето на АО: Пуј може да го изненади Ѓоковиќ

Надал после пласманот во финалето на АО: Пуј може да го изненади Ѓоковиќ

Рафаел Надал е спремен за финалето на Австралија Опен каде што ќе игра против Лука Пуј или Новак Ѓоковиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Надал во полуфиналето го декласираше Стефано Циципас, талентираниот Грк кој не успеа да одигра на високо ниво во важниот натпревар.

„Овој терен и оваа публика ми дадоа неверојатна енергија. Неверојатно е да се биде петти пат во финалето, горд сум“, изјави Рафа, па зборуваше за мечот на Ѓоковиќ.

„Новак е фаворит, толку пати беше во таква позиција, знае како да се носи во таквите натпревари. На Лука му е прв пат, тука е како еден играч со потенцијал и може да направи изненадување ако му тргне“.

За Надал ова ќе биде 25-ти Грен слем финале и петто на Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…