Дома Останати Тенис Надал го доби трофејот за најдобар во годината: После се низ што поминав, не помислив дека е можно вакво нешто

Надал го доби трофејот за најдобар во годината: После се низ што поминав, не помислив дека е можно вакво нешто

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе ја заврши 2019 година како светски број еден.

Надал неодамна го превзема лидерското место од Новак Ѓоковиќ, а откако српскиот тенисер беше елиминиран од завршниот Мастерс во Лондон стана јасно дека Рафа годината ќе ја заврши на првата позиција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така денес после победата над Стефан Циципас во Лондон Надал го доби пехарот за најдобар во светот за 2019 година.

„Што да кажам, пресреќен сум. После се низ што поминав, посебно поради повредата, не ни помислив дека ќе го држам во раце овој пехар на 33 ипол години. Без мојот тим и моето семејство ова не би било можно“, порача Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арине Сабаленка повторно издоминира во заводливо издание и го „освои“ ТикТок (Видео)

Најдобрата тенисерка на светот, Арине Сабаленка, допатува во Мајами каде што целта ѝ е да …