Дома Фудбал Германија Нагелсман откри зошто го одбил Реал Мадрид

Нагелсман откри зошто го одбил Реал Мадрид

Јулијан Нагелсман е еден од најмладите тренери во Европа, но веќе со големо искуство и докажан талент.

Тој со голем успех го води тимот на Лајпциг оваа сезона и се бори за титулата во Бундеслигата заедно со Баерн Минхен, а сега призна дека во минатото го одбил Реал Мадрид.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Имено, Нагелсман добил понуда од шпанскиот гигант да го наследи Зинедин Зидан на клупата, но учтиво ги одбил „кралевите“.

„Кога Реал Мадрид ќе ти се јави, нормално е да размислувате. На почетокот бев многу изненаден, но размислив и не се чувствував комотно да го преземам тој чекор. Сакам да се подобрам, а ако веднаш отидете во Реал Мадрид, веќе ќе немате време за подобрување како тренер. Таму нема да имате време да станете добар, таму треба да бидете најдобар“.

„Во овој момент не сум најдобар, но признавам дека во иднина сакам да бидам еден од најдобрите. Ако отидете во Реал и Барселона, медиумите и притисокот нема да ви дозволат да напредувате. Поради тоа одбив да го наследам Зидан“, открива Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…