Дома Фудбал Англија Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за Пеп Гвардиола на клупата на англискиот гигант.

Договорот на Гвардиола завршува во јуни 2025 година и во овој момент нема најави за негово продолжување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На прес-конференцијата пред натпреварот со Фулам Гвардиола од новинарите беше известен за планот на навивачите да креираат кореографија во негова чест. На овој дуел се најавува дека ќе биде истакната парола на која ќе пишува:

„Пеп Гвардиола сакаме да останеш“.

Исто така пораката ќе биде напишана на каталонски јазик и за таа цел се собраа повеќе од 1.000 фунти.

„Нека ја донесат сметката, јас ќе ја платам. Што можам да кажам? Благодарам многу, уште од првиот ден ја чувствувам наклонетоста на навивачите тука“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…