Дома Фудбал Навивачите на Јунајтед се спремни и денес да го одложат дербито со Ливерпул

Навивачите на Јунајтед се спремни и денес да го одложат дербито со Ливерпул

Aнглиските медиуми најавуваат дека навивачите на Манчестер Јунајтед планираат нов собир пред „Олд Трафорд“ со иста намера – повторно да го одложат дербито со Ливерпул.

Дербито требаше да се игра на 2. мај, но поради големите протести кои се случуваа пред „Олд Трафорд“ поради безбедносни причини тоа беше одложено за денес. 13. мај.

На претходниот протест имаше големи инциденти помеѓу навивачите полицијата, а сега според она што се пишува на социјалните мрежи и најавите на медиумите вечерва можеме да видиме исто сценарио.

Протестите на навивачите се со цел да се натера семејството Глејзер да го продаде клубот. Натпреварот е закажан за 21:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко чека историски гол, Курањи предупредува: Годините си го прават своето

Шалке тешко доаѓа до голови, а улогата на 40-годишниот Един Џеко е под лупа. Курањи ги пос…