Никако да дојде до подобрување на формата на Манчестер Јунајтед, тимот ниту оваа сезона не еконкурентен за врвот во Премиер лигата, а вчера не победи и во Лигата на Европа одигрувајќи 1:1 против Твенте.
Поради тоа изгледа како тренерот Ерик Тен Хаг да ги троши последните кредити во Јунајтед. Утрово медиумите на Островот на големо пишуваат за негова потенцијалназамена.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Според последните информации како опција за раководството се двајца стратези. Станува збор за Еди Хау од Њукасл и Симоне Инзаги од Интер.
Кога е Хау во прашање тој би можел да биде полесна мета поради наводниот конфликт кој го има со спортскиот директор на Њукасл, Пол Мичел, сепак таквите информации не се потврди.
Инзаги од друга страна има цврста позиција во Интер и актуелниот шампион на Италија тешко би си дозволил да остане без него. Како и да е ако нешто драстично не се промени, многу веројатно дека Тен Хаг ги минува последните денови како тренер на Манчестер Јунајтед.