Дома Фудбал Навивачите во Англија се враќаат на стадионите

Навивачите во Англија се враќаат на стадионите

Англиската Влада и премиерот Борис Џонсон донесоа одлука со која ќе се вратат навивачите на стадионите во Англија.

Откако ќе заврши целосниот карантин на 2 декември, на максимум 4000 навивачи ќе им биде дозволено да бидат на трибините во областите каде што има помал ризик од ширење на вирусот.

Во областите од категорија 2 ќе биде дозволено присуство на 2000 навивачи, додека обласите кои се сметаат со најголем ризик и натаму ќе останат затворени за публика.

Ова секако е добар знак дека конечно после долго време ќе гледаме фудбал пред трибини со навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…