Дома Македонски спорт Му вративме на Исланд: Македонија за првпат во историјата ќе игра бараж за Мундијал!

Му вративме на Исланд: Македонија за првпат во историјата ќе игра бараж за Мундијал!

Македонија денес ја оправда фаворитската улога и му врати на Исланд за ремито во Рејкавиќ. Но најважно е што со оваа победа обезбедивме бараж за Мундијал.

Од првата секунда тргнавме офанзивно. Трајковски ја испрати првата закана кон голот на Исланѓаните, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство стигнавме во седмата минута кога Алиоски по додавањето од Трајковски испрати една силен удар кој беше неодбранлив за Олафсон.

И по голот продолжи нашата офанзивна игра. На пет минути пред крајот на полувремето Чурлинов постигна гол за Македонија, но истиот беше поништен поради минимален офсајд.

На стартот од вториот дел изгледаше како ние малку да се повлековме. Исланд создаде неколку прилики за гол, една таква и искористија во 53. минута. Торстенсон искористи едно наше невнимание и го совлда Димитриевски.

За среќа тој гол не ги сруши психички нашите фудбалери, брзо ја вративме играта и одново се играше на половина на гостите. Во 65. минута преку Елмас стигнавме до нов гол и предност. На 10 минути до крајот Исланд остана со играч помалку откако втор жолт картон зарботи Јоханесон.

И така доминиравме, а со црвениот картон тоа беше уште повеќе изразено. Елмас пред крајот по еден одличен продор ги постави конечните 3:1 за голема победа на Македонија и обезбедување на бараж.

Бараж натпреварите за Мундијалот во Катар на програмата се во март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…