Дома Фудбал Англија Мурињо: Четврто место со овој Тотенхем ќе биде најдобар резултат во мојата кариера

Мурињо: Четврто место со овој Тотенхем ќе биде најдобар резултат во мојата кариера

Жозе Мурињо откако седна на клупата на Тотенхем се соочкува со големи кадровски проблеми поради повреди.

Посебно тоа се однесува на нападот, каде најпрво го изгуби Хари Кејн,а  сега се повреди и Сон. Поради тоа „Специјалниот“ тврди дека освојување на 4-то место со ваков тим би бил најдобар резултат во неговата кариера.

„Дали место меѓу најдобрите четири екипи на крајот на сезоната би бил најдобар резултат во кариерата? Да, во секој случај. Дефинитивно“, изјави Мурињо.

Мурињо покрај на многуте повреди се пожали и на жестокиот распоред кој го има неговиот тим. Тотенхем утре му гостува на Челзи во дербито од Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…