Дома Фудбал Англија Мурињо: Стерлинг заслужи да добие црвен картон

Мурињо: Стерлинг заслужи да добие црвен картон

Португалецот Жозе Мурињо можеше да биде задоволен од синоќешниот натпревар помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити бидејќи неговиот тим забележа победа со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, по натпреварот тој изрази незадоволство што Рахим Стерлинг не доби црвен картон на почетокот на натпреварот.

Тој направи прекршок во 12. минута, судијата му додели жолт картон, а после прегледот на снимката во ВАР собата беше одлучено така и да остане. Мурињо со тоа не се согласува.

„Ако топката не излезе од игра, тогаш не излегла од игра. Кога излезе, тогаш носиш одлука, но исправна. Стерлинг требаше да добие црвен картон.“

Тотенхем сега е петти со четири бода помалку од Челси кои се на последната позиција која води во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цените на билетите се астрономски: Ова финале е најскапо во историјата на спортот!

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина носи огромно возбудување, додек…