Дома Фудбал Мурињо со чудна изјава: Му пречи што има многу играчи на располагање?

Мурињо со чудна изјава: Му пречи што има многу играчи на располагање?

Герет Бејл и Серхио Регулион ќе бидат нови засилувања на Тотенхем, а пред официјализирањето на овие трансфер се огласи Жозе Мурињо.

Мурињо даде чудна изјава во која порача дека му пречи што има повеќе играчи на располагање.

„Да бидам искрен, не ми се допаѓа што имам толку многу играчи на располагање. На еден тренер му е тешко во таква ситуација“.

Сепак и додаде дека тоа може да му биде плус во одредени ситуации.

„Од друга страна, да се има екипа во која можете да изоставите девет играчи е плус кога имате згуснат распоред каков што имаме сега“.

Преодниот рок?

„Преодниот рок не е завршен. Ни треба напаѓач, ми се допаѓа Дени Ингс, секогаш ни прави проблем кога игра против нас“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…