Шефот на скаутите на Манчестер Јунајтед синоќа беше во Виена да го гледа натпреварот помеѓу Аустрија и Велс, а причина за тоа е Герет Бејл.
Мурињо не се откажува од идејата да го донесе Велшанецот на „Олд Трафорд“ и смета дека своевремено најскапиот играч на светот би бил последен дел од мозаикот.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Иако Бејл моментално преговара за продолжување на договорот со Реал Мадрид, неодамна се појавија информации дека неговиот агент имал таен состанок со Манчестер Јунајтед.
Медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат најмногу пари во историјата на фудбалот и повторно да го срушат светскиот рекорд, но и му нудат плата од 20 милиони евра по сезона.
„Кралевите“ се спремни да му понудат најмногу 15 милиони евра по сезона, па може да се повтори истата ситуација како со Озил кој одбиваше да го продолжи договорот.
Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 150 милиони евра, сега на потег е Реал Мадрид!