Дома Фудбал Германија Мурињо призна дека учи германски додека чека понуди!

Мурињо призна дека учи германски додека чека понуди!

0

Жозе Мурињо нема трпение да се врати на тренерската работа и откри дека учи германски јазик, а со тоа е отворен за работа во Бундеслигата.

Неодамна Мурињо беше поврзуван со тимови како Бенфика, Лион и Њукасл, но самиот призна дека сака да преземе клуб кој ќе се натпреварува за највисоки цели.

Во меѓувреме Мурињо почнал да учи германски јазик, што значи дека е отворен за преселба во Бундеслигата.

„Бундеслига? Сега учам германски, бидејќи не го зборувам. Знам англиски, шпански, португалски, француски и италијански јазик. Но не исклучувам ништо, дури ни Германија“, изјави Мурињо.

Откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември минатата година, Мурињо е без ангажман, но сака што побрзо да и се врати на тренерската професија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…