Дома Топ вести Мурињо после вчерашната брука пресечe – носи нови засилувања!

Мурињо после вчерашната брука пресечe – носи нови засилувања!

Англиските медиуми утрово пренесуваат дека Жозе Мурињо донел одлука и дека наскоро ќе тргне по нова реконструкција на одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо во јануари сигурно ќе биде активен на трансфер пазарот, а приоритет е засилување на одбраната која вчера комплетно потфрли на мечот против Хадерсфилд.

Прва мета е Хосе Гименез, фудбалерот на Атлетико Мадрид за кого Мурињо е спремен да плати 60 милиони фунти, колку што изнесува неговата откупна клаузула. „Црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе треба да се изборот во конкуренција со Јувентус, Интер и ПСЖ.

Карлос Солер е исто така на мета на Манчестер Јунајтед. Играчот за врска на Валенсија игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, особено поради фактот што се уште е релативно ефтин.

„Црвените ѓаволи“ исто така се спрмени да продадат и некои свои фудбалери доколку пристигнат понуди. Прв на листата за заминување е Андер Ерера кој се уште нема потпишано нов договор, а интерес за него покажуваат Барселона и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…