Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо: Погба треба да биде пример

Мурињо: Погба треба да биде пример

mourinho

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очекува од Пол Погба биде пример за останатите играчи.

Во последното коло од Лигата на шампионите, „црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со Валенсија, но тој натпревар нема да има никакво резултатско значење за тимот од „Олд Трафорд“ кој веќе го обезбеди пласманот во наредната рунда.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вечерва се очекува во стартниот состав да биде Пол Погба кој во последните два натпревари во Премиер лигата беше резерва.

„Очекувам Погба да игра добро и позитивно да влијае на играта на тимот. Во екипата има многу играчи кои немале прилика да покажат што знаат. Треба Погба да им биде пример“, изјави Мурињо.

Веќе во текот на викендот Јунајтед во домашното првенство ќе игра против непоразениот Ливерпул на „Енфилд“.

„Не станува збор за Ливерпул. Фудбалот е фудбал и се е можно. Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш сакаме позитивен резултат“, додаде Мурињо.
Натпреварот помеѓу Валенсија и Манчестер Јунајтед на програмата е во среда од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…