Дома Фудбал Англија Мурињо им одговори на Клоп и Гвардиола: Не слушнав да „плачете“ кога нас ни беше тешко

Мурињо им одговори на Клоп и Гвардиола: Не слушнав да „плачете“ кога нас ни беше тешко

Jирген Клоп и Пеп Гвардиола сезона се најголеми критичари на згуснатиот распоред и неверојатниот ритам на натпревари кои го имаат екипите во Англија, но и ширум Европа.

Клоп и Гвардиола порачаа дека овој ритам едноставно е претежок и дека поради тоа имаат големи проблеми со повредените играчи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа после нивните жалби одлучи да се огласи Жозе Мурињо кој како и обично беше против мислењето на своите ривали.

Португалецот порача дека не му е јасно зошто Клоп и Гвардиола сега се жалат и зошто тоа не го правеа тоа кога Тотенхем имаше неверојатно згуснат распоред на почетокот на оваа сезона.

„Ние во еден период одигравме четири натпревари во една недела. Тогаш не слушнав некој да „плаче“ и да се жали или пак да не поддржи, а сега се прилично гласни“, порача Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски наскоро потпишува, познати и детали од трансферот!

Македонскиот голгетер Бојан Миовски е многу блиску до преселба во редовите на шкотскиот ве…