Дома Останати Мугуруза испиша историја за шпанскиот тенис

Мугуруза испиша историја за шпанскиот тенис

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја освои титулата на завршниот ВТА мастерс кој се играше во Гвадалахара откако во финалето беше подобра од Естонката Анет Контавеит во два сета.

Благодарение на триумфот во Гвадалахара и освоената десетта титула во кариерата, Гарбине Мугуруза во 2021 година ќе ја заврши како трета тенисерка во светот. 

Ова е историски триумф за Мугуруза бидејќи стана првата шпанска тенисерка која го освоила завршниот ВТА турнир.

„Уште еднаш си покажав на себеси дека можам да бидам најдобра. Можеби не освоив гренслем турнир годинава, но многу сум среќна поради оваа титула“, изјави Мугуруза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…