Мојес изминатиот месец е именуван за нов менаџер на Вест Хем, а под негово водство англискиот клуб излезе од кризата и остана непоразен во последните три натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Способен сум да работам во било кој клуб во светот, така што сум сигурен дека тоа го можам и во Вест Хем. Треба тоа да го докажам. Морате да покажете се што можете. Репутацијата не настанува сама од себе“, истакна 54-годишниот стратег.
Вест Хем инаку, побегна од зоната за испаѓање и во Премиер лигата се наоѓа на 15. позиција со 17 освоени бодови.
Од друга страна, за Мојес ова е шести клуб во досегашната тренерска кариера. Претходно ги предводеше Сандрленд, Реал Сосиједад, Манчестер Јунајтед, Евертон и Престон.