Дома Фудбал Мохамед Салах немаше милост за голманот на Гвинеја

Мохамед Салах немаше милост за голманот на Гвинеја

Благодарение на одличните сезони во Ливерпул, Мохамед Салах стана еден од најдобрите играчи на денешницата.

Одличниот Салах продолжува со добрите игри и во дресот на репрезентацијата на Египет со која наскоро го очекува настап на Афричкиот куп на нации.

Овој 27-годишен играч претходната сезона ја круниса со освојување на ЛШ, а сигурно ќе има голема желба да го освои и ова континенатално натпреварување.

Популарните Фараони синоќа со 3:1 во пријателски натпревар ја победија Гвинеја, а ѕвездата на Ливерпул на теренот помина 60-тина минути и не се запиша во листата на стрелци.

Сепак, Салах се погрижи на него да му припадне потегот на натпреварот, откако на мајсторски начин си поигра со противничкиот голман Кеита.

Откако со прекрасен дриблинг го помина Кеита ја погоди стативата, а топката стигна до Мохсен кој немаше проблеми да ја погоди празната мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Татковски телефонски повик го заврши Мундијалот за 15-годишен репрезентативец

Кристофер Батиз е отстранет од селекцијата на Хондурас по поразот од Србија. Федерацијата …