Дома Фудбал Моментот што одлучи: Поништен регуларен погодок, со кој Астон Вила обезбеди опстанок

Моментот што одлучи: Поништен регуларен погодок, со кој Астон Вила обезбеди опстанок

Астон Вила обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Денеска фудбалерите на тимот од Бирмингем одиграа нерешено со Вест Хем (1:1), па со поразот на Ватфорд од Арсенал обезбедија нова сезона во Премиер лигата.

Сепак, една од причините поради кои Вила останува во лигата е натпреварот од 28. коло кога е поништен регуларен погодок на Шефилд.

Во 41. минута голманот на домаќините со топка влезе во голот и таму помина неколку секунди, но ниту гол технологијата, ниту ВАР не детектираа погодок. Натпреварот продолжи и заврши 0:0.

Со пораз на тој натпревар Вила ќе завршеше со 34 бода, исто колку и Борнмут, но со полоша гол разлика, а тоа ќе значеше испаѓање од лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Богатинов го води Тиквеш меѓу најдобрите: по Вардар, на ред е Шкендија

Тиквеш со убедливите 3:0 на гостувањето кај Вардар го потврди добриот период под водство н…