Дома Трансфер зона Може ли дуото од Премиер лигата да биде доволна утеха на Реал за заминувањето на Роналдо?

Може ли дуото од Премиер лигата да биде доволна утеха на Реал за заминувањето на Роналдо?

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за Рашфорд и Ериксен.

Од денот кога Роналдо си замина во Јувентус, во Реал Мадрид се се сруши како кула од карти, иако со заминувањето на Лопетеги и доѓањето на Солари ситуацијата малку се промени. Меѓутоа, јасно е дека и на претседателот Перез и на навивачите на клубот им недостасува некоја голема ѕвезда по заминувањето на Роналдо, а особено сега кога се повеќе се зборува дека клубот ќе го напуштат Бензема и Бејл на крајот на сезоната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал се поврзува со многу врвни играчи, а денеска англиските медиуми ја шират веста за интерес на „Кралеите“ за две премиерлигашки ѕвезди. Наводно, Перез е одлучен да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, кој игра константно на „Олд Трафорд“ оваа сезона и е еден од клучните играчи на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Нема сомнеж дека навивачите би биле задоволни со овие засилувања, а во Реал имаат план на овие играчи да потрошат околу 90 милиони фунти. Рашфорд за 50, а Ериксен за 40 милиони. Јасно, тука ќе се прашаат и Јунајтед и Тотенхем, а и секогаш се појавуваат нови играчи кои Реал сака да ги доведе, па не треба да направиме било какви заклучоци, барем сега кога не е завршен ниту првиот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…