Дома Фудбал Останато Модриќ одиграл повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска

Модриќ одиграл повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ вчера го одигра својот 182 натпревар за Хрватска, односно фудбалерот настапил на повеќе од 50 отсто од сите натпревари на неговата репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со таа бројка тој влезе во историјата на својата репрезентација која од осамостојувањето одиграла вкупно 363 натпревари. Ова значи дека Модриќ играл на повеќе од 50 отсто од натпреварите на Хрватска.

Тој дебитираше пред 18 години и седум месеци, на 1 март 2006 година, на пријателскиот натпревар со Аргентина.

Инаку, 39-годишниот Модриќ на претходниот натпревар против Шкотска во Загреб го престигна Серхио Рамос (180), со што се проби до второто место меѓу европските играчи со најмногу настапи за репрезентациите. На врвот е недопирливиот Кристијано Роналдо со 215 настапи за Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…